Јавен повик бр. 04/2023 за пријавување на заинтересирани лица за именување на 1 (еден) член на Управниот одбор - од редот на афирмирани и стручни лица и 2 (два) члена на Одборот за контрола на материјално-финансиското работење

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
02.10.2023

Врз основа на член 17, член 17- а, член 26 и член 26-а од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/96, 6/2002, 40/2003, 49/2006, 22/2007, 83/2009, 97/2010, 6/2012, 119/2013, 41/2014, 138/2014, 25/2015, 61/2015, 39/2016, 64/2018, 35/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2019, 89/2022 и 274/2022),  член 15 и член 16 од Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во Службен весник на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.56/99, 43/2002 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.21/2021), член 20, член 21, член 23, член 24 и член 25 од Статутот на Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија , ц.о.-Скопје бр.0101-1376 од 25.4.2003 година, бр.01-534/1 од 30.1.2015 година, бр.01-1223/1 од 26.2.2015 година, бр.01-1220/1 од 24.6.2016 година, бр.01-6308/1 од 31.10.2017 година и бр.01-2434/1 од 14.10.2022 година и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.283/2022), Владата на Република Северна Македонија распишува: 

ЈАВЕН  ПОВИК Бр.04/2023
за пријавување на заинтересирани лица за именување на 1 (еден) член на Управниот одбор - од редот на афирмирани и стручни лица и 2 (два) члена на Одборот за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното  претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија , ц.о.-Скопје

  1. Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар, распишува Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за именување на 1 (еден) член на Управниот одбор- од редот на афирмирани и стручни лица и 2 (два) члена на Одборот за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија , ц.о.-Скопје, со право на уште еден последователен мандат.
  2. Назив на јавното претпријатие: Јавно претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија , ц.о.-Скопје.
  3. Шифра и дејност на Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија , ц.о.-Скопје според Националната класификација на дејности (НКД) е:
  • 18.13 Услужни дејности во врска со печатењето и објавувањето;
  • 47.61   Трговија на мало со книги во специјализирани продавници;
  • 47.62 Тргаовија на мало со весници и канцелариски прибор во специјализирани     продавници;
  • 47.91  Тргаовија на мало преку пошта и интернет;
  • 58.11 Издавање на книги;
  • 58.13 Издавање на весници;
  • 58.14 издавање на списанија и периодични публикации;
  • 58.19 Други издавачки дејности;
  • 63.11 Обработка на податоци, хостирање и слични дејности;
  • 63.12 Интернет портали;
  • 69.10/4 Други правни работи.

4.    Надлежности на Јавно претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија, ц.о.-Скопје се:

  • врши објавување на законите, другите прописи и акти и издавање на службеното гласило „Службен весник на Република Северна Македонија“, што е од јавен интерес. Во надворешно – трговското работење, Јавното претпријатие врши дејност на продажба или дистрибуирање на службеното гласило „Службен весник на Република Северна Македонија“, во печатена и/или во електронска форма, во странство и тоа на: странски државни органи, странски институции и други странски правни лица, дипломатско – конзуларни претставништва на Република Северна Македонија во странство, како и други институции и правни лица од Република Северна Македонија со седиште во странство.

5.    Веб страна на Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија, ц.о.- Скопје  www.slvesnik.com.mk

6.    За член на управниот одбор на Јавно претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија , ц.о.-Скопје- од редот на афирмирани научни и стручни лица, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование и
  • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.
  • членовите на управниот одбор треба да имаат и соодветно работно искуство, и тоа:
    • два члена на управниот одбор треба да имаат најмалку пет години работно искуство од областа на дејноста на јавното претпријатие, (согласно со Националната класификација на дејностите публикувана од страна на Државниот завод за статистика),
    • најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на финансиско работење,
    • најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на правните работи и
    • најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на техничките науки.

7.    За член на Одборот за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија, ц.о.- Скопје, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование од областа на правните науки, економските науки или од областа на дејноста на јавното претпријатие и
  • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност
  • членовите во Одборот за контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатие треба да имаат и соодветно работно искустви и тоа:
    • еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на дејноста на јавното претпријатие, согласно Националната класификација на дејностите на Државниот завод за статистика,
    • еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење и 
    • еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи.

8. Со пријавата кандидатите треба да ја достават следната документација:

  • Образаец за пријавување;
  • Кратка биографија;
  • Писмо за интерес/мотивација за позицијата за која аплицира; 
  • Уверение за државјанство; 
  • Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, соодветно за местото за кое се пријавува;
  • Потврда дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  • Историјат за вработување од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија со евидентиран стаж;  
  • Изјава заверена на нотар дека кандидатот под целосна морална, материјална и кривична одговорност потврдува за точноста и веродостојноста на наведените податоци во пријавата и за поднесената документација
  • Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон за бараната позиција.

Документите од точка 8 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за именување на 1 (еден) член на Управниот одбор и 2 (два) члена на Одборот за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија, ц.о.- Скопје“, со назнака за која позицијата аплицира.

9.    Членовите на Управниот одбор/ Одборот за контрола на материјално-финансиското работење на Јавно претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија , ц.о.- Скопје ги именува, односно разрешува основачот на јавното претпријатие - Владата на Република Северна Македонија.

10.    Член на Управниот одбор/ Одборот за контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатие не може да има лично, преку трето лице или по било која основа, интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имаат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие. Секој член на Управниот одбор/ Одборот за контрола на материјално-финансиското работење, е должен да го предупреди основачот на постоењето на ваков интерес кај еден или повеќе членови на Управниот одбор/ Одборот за контрола на материјално-финансиското работење. 

11.    Неспојливи се функцијата претседател и член на Управниот одбор/ Одборот за контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатие со функциите претседател и членови на Владата на Република Северна Македонија. 

10.    Работните задачи, одговорности и обврски на членовите на Управниот одбор/ Одборот за контрола на материјално-финансиското работење се утврдени согласно Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во Службен весник на Република Северна Македонија, Законот за јавните претпријатија, Статутот на јавното претпријатие и Деловникот за работа на Управниот одбор/Одборот за контрола на материјално-финансиското работење.

11.    Членовите на Управниот одбор на Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија, ц.о.-Скопје, примаат надомест согласно Одлука бр.02-1678/1 од 27.8.2021 година и тоа: претседател: 12.000,00 денари и членови: 10.000, 00 денари.

12.    Членовите на Одборот за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија, ц.о.-Скопје, примаат надомест согласно Одлука бр.02-1680/1 од 27.8.2021 година и тоа: претседател: 12.000,00 денари и членови: 10.000, 00 денари.

13.    Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 10 работни дена, сметано од денот на објавување на јавниот повик. 

14.    Повикот ќе биде објавен на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија и на веб страницата на Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија, ц.о.-Скопје www.slvesnik.com.mk

15.    Краен датум за пријавување е 2.10.2023 година.

16.    Постапката на селекција на кандидатите за членови на Управниот одбор/ Одборот за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија, ц.о.-Скопје ќе го спроведе Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој на Владата на Република Северна Македонија и истата се состои од две фази, и тоа: Фаза 1 - административна селекција и Фаза 2 – интервју. За кандидатите за кои при административната селекција се утврди дека не ги исполнуваат условите утврдени во јавниот повик или не ги доставиле потребните докази, постапката на селекција завршува. Административната селекција завршува најдоцна 15 дена по истекот на рокот за пријавување на кандидатите на јавниот повик. Комисијата, најдоцна десет дена од денот на завршување на административната селекција спроведува интервју со кандидатите кои успешно ја поминале административната селекција. Начин на бодување на секоја од фазите на селекција е утврден согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.283/2022).

17.    Точниот датум, време и место на одржување на интервјуто се објавуваат на веб- страницата на основачот на јавното претпријатие.

18.    Непополнета и нецелосната пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.